Коронавирусот мутира и веќе има осум типови

Новиот коронавирус мутира како и другите вируси, и сега веќе има осум соеви кои кружат низ целата планета, велат стручњаците.

Добрата вест е што мутациите не се посмртоносни, вели Тревор Бедфорд, чијашто интернет страница NextStrain.org го следи геномот на вирусот со помош на примероци од сите делови на светот.

Експертите ги секвенционираат геномите на коронавирусот и откриват соеви кои се појавиле, откако вирусот кон крајот на мината 2019 година првпат минал од животните на човекот на илегалниот пазар за животни во кинескиот град Вухан, според сегашните службени податоци.

„Работата на експертите покажуваат дека вирусот мутира и се дели во слични но нови поттипови“, пишува весникот USA Today.

„На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да. Прашањето е дали се случила некоја промена којашто ја одредува насоката на движењето на болеста или преносот или другите нешта кои се важни за луѓето“, вели епидемиологот од Универзитетот Харвард, Марк Липсич.

Новите соеви само незначително се променети и нема разлика во нивната леталност, истакнуваат стручњаците.

„Воочената стапка на мутирање (околу две месечно) е сосема вообичаена за вирусите. Грипот вообичаено го има истиот број мутации, дури и малку повеќе“, пишува Бедфорд на својот микроблог на Twitter.

И додека досега дешифрираните геноми пружаат информација за тоа како неговото ширење може да се запре и дали во тоа помага одржувањето на оддалеченоста меѓу луѓето а сѐ покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скици, предупредуваат експертите.

Се согласуваат околу ова прашање уште многу нешто да откријат, меѓутоа микроскопските промени им помагаат да го утврдат патогениот пат низ човечката популација.

„Епидемиите може да се следат. Во состојба сме речиси во реално време да го секвенционираме геномот за да се утврди кои соеви или родови цикрулираат“, додава Чарлс Чиу, професор по инфектологија на Калифорнискиот универзитет.