
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) предлага да се намалат платите на сите именувани и избрани лица во државата и да сопре исплатата на надоместок за учество во надзорни и управни одбори наместо да се кратат платите на вработените во јавната администрација.
За да се заштедат средства, КСС предлага и во услови кога поради коронавирусот обемот на работа е намален да сопрат договорите на определено време и договорите со агенциите за привремено вработување.
– Нашите пресметки велат дека ќе се заштедат многу повеќе пари за разлика ако ги скратите платите во јавната администрација на 14.500 денари, а воедно ќе се намали администрацијата во рамките на нормално функционирање и ќе нема потреба за трансфер од јавен во приватен сектор, велат од КСС.
Од Владата бараат да излезе со информација колку лица се одјавени од Агенцијата за вработување во последниот месец и ја повикуваат да носи разумни одлуки со кои ќе се зачува егзистенцијата на вработените во јавниот сектор.
Бараат да бидат консултирани и синдикатите и заеднички да се изнајдат решенија, во спротивно, како што велат, ќе преземат легитимни радикани чекори.
Предлогот на КСС е да се формира и солидарен фонд од кој ќедобијат одреден надоемсток сите оние кои добиле откази заради настанатата криза.