
Откупната цена на зелката до 20 април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски со откупувачите на зелка.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.
– Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз, се наведува во соопштението.
Министерството потенцира дека како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор и доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки, а со цел да се заштити земјоделството.