
Министрите за финансии и гувернери на централни банки од Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот ветија денеска помош за сиромашните држави што имаат долгови и додадоа дека ќе помогнат и на пазарите во развој за да се ограничат негативните последици од пандемијата со Ковид-19.
Министрите и гувернерите денеска на видеоконференција се состанаа неколку денови по вонредниот состанок на лидерите од Г-20 кои ветија 5.000 милијарди долари помош за економиите по прогнозите за рецесија поради пандемијата со коронавирусот.
Тие поздравија и план за помош од 160 милиони долари на Светска банка, се вели во соопштение на саудиските власти кои оваа година претседаваат со Г-20.