
Во САД се регистрирани 3.393 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус, што е над бројот на смртни случаи во Кина. Таа цифра ги става на третото место во светот зад Италија и Шпанија, јавија американски медиуми.
Здравствените власти ги повикаа Американците да ги почитуваат мерките за да спречат ширење на коронавирусот и да останат во своите домови.
Повеќе од 800.000 луѓе се заразени со Ковид-19 досега во светот и пријавени се повеќе од 39.000 смртни случаи.
Во Италија, 11.591 луѓе починаа од коронавирусот, и 8.198 во Шпанија.