
Бројот на новозаразени од коорнавирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга.
Иако во Јапонија има околу 2.200 заболени, а умреа 66 лица, што е многу помалку отколку во другите делови на светот, во зголемување се новите инфекции , така што во Токио само вчера имало регистрирано нови 76 случаи.
-Јапонската Влада ќе направи се што треба да ги минимизира последиците од вирусот, меѓудругото и врз економијата, рече Суга.
Одлуката за воведување вонредна состојба, сепак, се уште не е донесена, иако на социјалните мрежи има се повеќе повици тоа да се направи, пренесуваат британските меидуми.