
Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања на 25.000 лица дневно, изјави министерот за здравство Роберт Џенрик.
Британците добиваат критики заради доцната реакција на пандемијата и малиот број тестирања. Досега на коорнавирус се тестирани 143.186 лица, а над 25.000 биле позитивни. Повеќе од 1.700 лица умреа.
За споредба, Германија дневно тестира 70.000 лица.
-Важно е луѓето да се тестираат, не само оние кои можат да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои ,очигледно, ни се неопходни, рече Џенрик.