
Петкратната освојувачка на Грен слем трофеи, Мартина Хингис, која во 1997 година на 16-годишна возраст беше на врвот на ВТА ранг листата, се потсети на своите најголеми успеси.
– Пред 23 години, станав најмладиот прв рекет. Сега сме во тешки времиња, тешко е да се радувам. Можам да замислам само колку луѓе страдаат во моментов. Треба да останете силни. Ние сме заедно, напиша швајцарската тенисерка на Твитер.
Триесет и деветгодишната Хингис победи на Австралија опен три пати (1997,1998 и 1999 година), и по еднаш на Вимблдон (1997) и УС опен (1997).