Над 50.000 починати од коронавирусот во светот, Шпанија го мина прагот од 10.000, стабилизација во Италија

Според подаците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, чиишто податоци во последно време се земаат како референтни при прегледите на состојба со пандемијата со коронавирусот, во светот во четвртокот попладнето починале повеќе од 50.000 луѓе, а според бројот на новозаразените се чини дека состојбата се стабилизирала во Италија и оти пикот на епидемијата е постигна во оваа најпогодена земја на планетата.

Според Инситутот при споменатиот универзитет во американската сојузна држава Мерилен, вкупно починале 50.230 лица од коронавирусот, а заразени се повеќе од 980.000 луѓе. Најмногу луѓе се заразени во САД – 226.374, во Италија – 115.242 и во Шпанија 110.238 луѓе.

Веќе четврти дена со ред бројот на новозаразените многу не се разликува од претходниот ден, и се заблежани 4,688 нови случаи, малку помалку од 4,782 од ден претходно, додека истиот ден починале 760 луѓе, објави италијанската Агенција за цивилна заштита во четвртокот. Вкупно во Италија починале 13,155 лица, што е околу 28 отсто од вкупниот број смртни исходи во0 светот, Од првиот потвреден случај на 21-ви февруари, коронавирусот е потврден кај 115.142 лица во Италија.

Веќе четврти ден бројот на новозаразените во Италија се движи меѓи 4.050 и 4.782 лица, поради што се чини дека врвот на епидемијата во Италија поминал. Најголемиот број заразеи е забележан на 21-ви март, кога коронавирусот беше потврден кај 6,557 лица. Од болеста оздравеле 18.278 Италијанци, а 4.053 пациенти се сместени на одделите на интензивна нега.

 

Шпанија го мина прагот од 10.000 мртви, во Иран најмногу заразени функционери, Турција со најголем раст на починатите

Шпанија во четвртокот ја мина бројката од 10.000 мртви по рекордните 950 смртни исхои во последните 24 часа. Шпанија сега има 10.003 починати од Covid-19, а бројот на мртвите е зголемен за дури десет пати за само два седмица. Кај 10.238 лица е потврдена заразата. Меѓутоа, секој ден бројот на мртви и бројот на заразените забавува.

Франција е следната во низата по по бројот на жртвата со 4.032 починати, според податоците на „Џонс Хопкинс“. Според бројот на мртвите следи Кина, каде што пандемијата избувна кон крајот на декември 2019-та но е веќе надвладеана, со 3.199 мртви и Иран со 3.160 жртви, од кои 124 нови во последните 24 часа.

Во Иран позитивен на коронаворис во четвртокот е претседателот на парламентот Али Лариџани, а покрај него заразени се најмалку 23 од вкупно 290 пратеници. Covid-19 досеа усмртни 12 сегашни или поранешни функционери во иранската влада. Техеран долго се двоумеше за ограничување на двожњето, а на 25-ти март го забрани целиот меѓуградски сообраќај. Можеби тоа придонесе за тоа Иран да биде една од најпогодената земја на светот со коронавирусот, каде првиот случај беше потврен на 19-ти февруари.

Турското министерство за здравство објави во четвртокот дека 356 лица починале од коронавирусот, што е 79 повеќе во однос на претходниот дена и воедно најголем раст на дневен пораст. Бројот на заразените пораснал за 2.456, па сега коронавирусот е потврден кај 18.135 лица. Според официјалните податоци, во последните 24 часа се спроведени 18.757 тестирања во земјата, а вкупно 125.556.

 

САД први по заразените, голем раст на жртви во Канада

Од вкупно 226.374 заразени во САД, според кои се на врвот од „црната“ листа, само во сојузна тадржава Њујорк 921.381 лице е заразено од коронавирусот, што е голем пораст во однос на 83.712 од ден поретходно, објави гувернерот Ендрју Куомо на прес-конференција.

Во соседната Кандата во четвртокот е мината бројката од 10.000 заразени, а бројот на починатите се зголеми за 21 отсто, во однос на претходниот ден. Канадскиот завод за јавно здравство објави дека бројот на заразените се зголемил од 9.017 на 10.132, а бројот на починатие од 105 на 127 луѓе.

Заводот истакна дека посебно се загрижени пораид ширењето на коронавирусот кај повозрасните граѓани, додека некои вработени во здравствениот систем изразуваат загриженост поради недоволното количеството заштитна опрема, како медиицнски маски. Премиерот Џастин Трудо порача дека здравството примило над милион маски во средата.

 

Половина од човештвото во карантин

На повеќе од 3,9 милијарди луѓе, или половината од светската популација, им е препорачано или наредено да останат во своите домови, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Агенцијата AFP ги собрала податоците за наредени или препорачаните останивања дома, за полицискиот час и крантините во повеќе од 90 земји и територии во светот.

Поради прогласувањето на полцискиот час на Тајланд, кој стапува на сила од петокот, човештвото се прибложива до бројата од 50 отсто.