
Владата не може да посегне по Вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
-Не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства. Тоа е исто како сега да кажете сите кои имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови, стои во објавата на премиерот.