Судот на Европската унија пресуди во четвртокот дека Полска, Унгарија и Чешка го прекршиле законот на ЕУ кога одбиле да примат мигранти и бегалци според приовремената програма за нивна релокација од Грција и Италија од 2015 година.
„Одбивајќи да постапат во согласноста со приремениот механизам за преместувањето на подносителите на барањата за меѓународна заштите, Полска, Унгарија и Чешката Република, ги повредиле своите обврски кои произлегуваат од правата на Унијата“, се наведува во соопштењето на Судот на ЕУ.
Судот истакнува дека овие три држави не може да се повикуваат на своите одговорности во областа на зачувувње на јавниот поредок и заштита на внатрешната безбедност, ниту на наводна нефекционалост на механизмот за преместување за да се изземат од спроведувањето на овој механизам.
Тужбата против три земји ја поднесе Европската комисија, која побарала од Судот утврди дали тие ги повредиле своите обврски кои произлегуваат од правото на ЕУ со тоа што во редовни временски интервели, најмалку на секои три месеци, не навеле соодветен број поднесители на барањата за меѓународна заштита кои можат брзо да се преместта на нивното државно подраќје и со тоа што, последицчни, не ги исполните своите дополнителни обврски за преместувањата.
Судот заклучил дека овие три земји ја повредиле одлуката којашто Советот на ЕУ ја донел со цел да се преместата на задолжителна основа 120.000 подносители на барања меѓународна заштита од Грцијаи и од Италија во други држави членки на Унија.
Советот на ЕУ со просто мнозинство ја донесе одлуката за задолжителните квоти за преместување на барателите на азил за да им се помогне Грција и Италија, земјите на надворешните граници на ЕУ кои беа под најголем мигрантски притисок.
Полска потоа наведе дека може да прими 100 лица, но не преземала ниедно, додека Чешка прифатила само 12 лица, Унгарија, од своја страна, ниеднаш не го објави бројот на лица кои може да бидат преместени на нејзина територија во согласност одликата за релокација, ниту дали примила некои.
Одлуката на Советот за привремениот механизам за преместувањето на барателите на азил не треба да се меша со предлогот на Европската комисија за реформа на заедничкио европски систем за зила од мај 2016 година. Овој предлот сѐ уште е во процедура, но нема големи шанси некогаш да биде усвоен.
ЕК во овој предлог го задржува основниот принцип дека за разгледување на азилот е одговорна онаа земја членка во која барателот на азилот прво влегол, но предложи воведување механизам за корекција кој треба да обезбеди поправедно распределување во случај кога некоја земја ќе се најде под голем мигрантски притисок.
Овој корективен механизам автоматски би се активирал кога некоја земја членка ќе се соочи со несразмерен висок број на барања за азил имајќи ја предвид нејзината големина и економската сила. Штом бројот на барателите на азил мине 150 отсто од референтната вредноста, којашто се одредува според БДП-то и бројот на население, сите нови баратели на азил би биле преместени во други земји членки.
Земјите членки би имале можност и да не учествуваат во овој механизам, но во тој случај би морале да платат продинес за солидарноста од 250.000 евра за секој барател на азил за кој инаку би биле одговорно, а тие пари би оделе за земјата кој ќе го прими тој мигрант. На овој предлог, исто така, најмногу се противеа земјите членки на Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.