
Мексиканската компанија за пиво „Корона” соопшти дека привремено го запира производството на овој светски познат напиток. Одлуката стапува во сила в недела.
Владата на Мексико неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и наложи прекин на неесенцијалните производни активности во државата.
Според последните податоци, во Мексико има 1.510 луѓе заболени од коронавирусот, а 50 се починати.
Најпознатото мексиканско пиво „Корона” се извезува во 180 земји во цел свет.