
Сигнапур, кој успеа да ја сузбие епидемијата на коронавирусот така што ги откриваше патиштата на неговото пренесување, мораше да ги затвори училиштата и компаниите повикувајќи го населението да остане во домовите, соопшти во петокот Ли Хсиен Лонг, премиерот на овој град држава која се справува со вториот број од заразата.
„Разгледувајќи го трендот, стравувам дека, доколку не воведеме дополнителни мерки, ситуацијата би можела да се влоши и дека другите жаришта на заразата би можела радикално да ја измени состојбата“, изјави премиерот на оваа држава во југоисточна Азија во телевизиско обраќање.
Сингапур, кој по Кина беше меѓу првите земји зафатени од коронавирусот, ја задржа епидемијата под контрола со тестирање на голем број луѓе и систематско следејќи ги и изолирајќи ги сите контакти на заразените.
Властите постепени ги заоструваа мерките затворајќи ги локалите и ноќните клубови, но сѐ досега не воведуваше строго ограничување на движењето. Сингапур, притоа, го забрани и влезот на странците во земјата.
Но по растот на бројката на заразените последните денови, премеирот Ли рече дека сака со „струен удар“ да го запре ширењето на вирусот. Компаниите од вторник ќе бидат затворени, освен оние кои ги произведуваат основните продукти и ги даваат круцијалните услуги, како што се трговските центри, болниците и претпријатијата во важните економски сектори.
Училиштата нема да работат, освен за децата чиишто родители мора да работат и немаат други можности. Населението мора да остане во домовите, освен доколку мораат да одат по продукти или на рекреација.
Сингапур досега забележа 1.114 пациенти заразени со Covid-19, од кои 65 новозаразени, и петмина починати.