Wizz Air организираше нови вонредни летови со кои ги врати македонските државјани дома

Една од најголемата нискобуџетни авиокомпаниии во централна и источна Европа „Wizz Air“, во четвртокот спроведе нови вонредни летови со кои превезе повеќе од 90 македонски државјани од Германија, од Берлин и Келн, кои беа заглавени поради пандемијата COVID-19.

Овие летови се резултат на соработката меѓу „Wizz Air“ и македонската влада Македонија, а воздухопловната компанија повторно одговори со навремена и брза помош на патниците кои имаа потреба.

Првиот лет беше од Скопје до Берлин, слетувајќи на дестинацијата во 13:30 часот по локално време. Оттаму се упати до Келн и потоа се врати во Скопје, каде слета во 18 часот по локално време. Повеќе од 90 македонски патници беа на летот за Скопје, со што вкупниот број македонски државјани на кои „Wizz Air“ им помогна во изминатава недела е над 460, откако беа превезени македонски патници уште на два вонредни лета, кои се реализираа на 27 март, при што беа дома вратени од Хрватска и Малта. Wizz Air не се двоумеше кога повторно беше побарана помош и ги превезе патниците дома безбедно и брзо. Wizz Air навистина верува дека во овие тешки времиња соработката е единствениот начин да се надминат предизвиците предизвикани од пандемијата COVID-19, поради што останува лојален на својата мисија да им служи на патниците кои патуваат во и од Македонија.

„Среќни сме и благодарни што повторно сме покрај нашите патници во овој период, помагајќи им да се вратат во своите домови. Wizz Air е секогаш посветен да им служи на своите патници – посебно во овие тешки времиња. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот отсекогаш била наш најголем приоритет и ние остануваме верни на овој принцип под какви било услови, особено во овој период“, изјави Паулина Гошк, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air