
Во лабораториите во Бугарија досега се направени вкупно 15.899 тестови за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство во Софија.
Првиот референтен тест за Ковид-19 бил направен во Националната референтна лабораторија на 28 јануари, а првиот тест за новиот коронавирус на Военомедицинската академија бил направен на 2 февруари.
Повеќе информации ќе бидат дадени на редовниот брифинг во Националниот оперативен штаб, соопшти бугарското Министерство за здравство.
Во Бугарија има повеќе од 500 луѓе заразени со новиот коронавирус.