„Алкалоид“ ќе откупува сопствени акции по цена до 30.000 денари

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во период од една година планира да откупи најмногу една десетина од сопствената основната главнина, објави компанијата на Македонска берза.

Според одлуката која треба да биде донесена на денеска на седница на Собранието на акционери, акциите можат да се откупат по најниска цена од 1.551 денар до 30.000 денари.

„Исплатата на парите за откуп на сопствените акции ќе се врши од посебните резерви издвоени лани“, стои во соопштението.