
Можеме со сигурност да кажеме дека одамна знаеме за познавањето на странски јазици на екс премиерот Заев и неговите говорни способности, но овој пат научивме и дека чекан на англиски јазик се вели “чекич”. Неисе, тоа не е најважното. Важно е тоа што во државата имаме 550 заболени од коронавирусот, а Зоран Заев вели дека тоа е танцување? Можете ли да замислите како би танцувале ако во најлош случај бројката надмине 1000 или 2000 заболени од коронавирусот? Дали оние неколку критични случаи и нивните семејства на ова гледаат како танц?
Би било смешно доколку не е трагично, но насекаде во светот луѓето прво заболуваат од коронавирусот, а дури потоа следствено на компликациите починуваат. Но, кај нас тоа не е случај. Во Република Македонија луѓето прво умираат, а дури потоа им се констатира коронавирус, што е надвор од здрав разум. Сведоци сме на многу случаи кај кои затаил системот и како задоцнета реакција доаѓа до смрт. Несериозноста и ноншалантноста овој пат се плаќа со човечки животи, а за Заев сето тоа претставува танц. Министерот постојано зборува за некаков алгоритам, кој досега очигледно не функционира најдобро. И не се виновни само докторите и директорите на установите каде што починале луѓе од коронавирусот, туку виновник е оној кој на алгоритмот поставил високи вредности, па така и оние кои се заболени од коронавирусот со минимални симптоми директно се исфрлаат од системот како незаболени.
Најстрашен момент е тој ако сега имаме толкава стапка на смртност по однос на заболени, колкав би бил бројот доколку бројот на заболени прогресира како се наближува и т.н “пик”?!
https://www.youtube.com/watch?v=4nenZL-CLPo