
Една од најголемите недоумици со кои се среќаваат лекарите во справувањето со Covid-19 е начинот на кој вирусот ги избира своите жртви. Најчесто од неговите последици умираат постари лица и оние со хронични заболувања, но сѐ повеќе има случаи на смртен исход и кај младите и здрави лица, како и меѓу медицинскиот прероснал изложен на вирусот а кои немаат симптоми.
Во некои случаи дополнително било утврдено дека дел од заразените боледувале од болести за кои не знаеле, но и натаму е висок бројот заболени од коронавирусоти со смртен исход, што пред научниците поставува нови прашања и ги поттикнува да ги најдат прашањата за тоа, пишува британски The Guardian.
Има повеќе научни претпоставки. Некои стручњаци сметаат дека пресудна улога има количеството на вирусот коешто успева да влезе во организамот. Колку тоа е поголемо, исходот е полош, сметаат некои експерти.
Дел од нив, пак, веруваат дека пресудна е генетиката, односно дека некои луѓе генетски се поподложни на зарази со вируси, поради што побрзо се прошируваат во нивниот организам. На оваа претпоставка е наклонет и вирологот Мајкл Скинер од лондонскиот „Империјал Колеџ“.
„Можно е дека некои меѓу нас поседуваат специфична генетска слика поради којашто нивниот организам на заразата со коронавирусот ќе реагира полошо“, појаснува Скинер.
Как опример го наведува сличното однесување на вирусот на „херпес симплекс“, чијашто мутација кај некои луѓе влијае врз клеточните рецептори познати под ознаката TLR3 кои се наоѓаат во нивниот централен нервен систем, поради што не успеваат да се справат со најтешката последица од вирусот – енцефалитисот, којашто кај децата може да резултира со напади и конвулзии.
Претпоставуваме дека на сличен начин реагираат и дел од заразените со Covid-19, поради што токму тие имаат потешки нуспојави“, смета Скинер.
Дел од научниците како пресуден фактор за исходот на болеста го сметаат количеството на вирусот со кој одредено лице ќе се зарази.
„Кај лицата заразени со поголемо количество на вирусот, побрзо се развиваат вирусните клетки отколку кај оние кои се заразени со помало количество. Сѐ уште ни е непознато на кој начин тоа функционира во случајот на инфекција со Covid-19, поради што извонредно е значајно што поскоро да ја најдеме врската“, смета вирологот Алисон Синклер од Универзитетот Сасекс.
Нејзиното мислење го споделува и Едвард Перкер од Лондонскиот факултет за хигиена и тропска медицина, кој потсетува дека слична претпоставка изнесоа и кинеските научници кои утврдиле дека кај потешко заболените пациенти се пронајдени поголеми количества на вирусот во организмот, а слично се однесуваат и вирусите на грипот и на SARS-от.
И Паркер истакнува дека е клучно да се ограничи секое изложување на Covid-19, а „доколку не се чувствуваме добро, мораме да ги почитуваме строгите мерки на самоизолација за да ја ограничиме можноста од зараза на другите“.