
Вчера во 11.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Чардаклија, А.Г.(38) од с.Жиганци, управувајќи работна машина „ОМ-фиат“, изгубил контрола над машината и се превртел.
-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.