Бектеши, Манчевски и Петровска на онлајн информативна видеосесија за полицискиот час

Владата на Македонија, попладне во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“,  ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.

Како што информираат од владината прес-служба, на видеосесијата ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Видеосесијата ќе се емитува на јутјуб каналот на Владата, како и на фејсбук страниците https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk и https://www.facebook.com/VladaMK.