Кој го плаќа Заев, неговата партија или државата?

Давање пакети со храна онаму каде е најпотребно, но и идеја за кратење на платите на административците, дел од нивните фирми платиле предвреме данок, ама дел би можеле да бараат помош од државата, накусо се заклучува во прилогот на Алфа телвизија за однесувањето на поранешниот премиер Зоран Заев во време на пандемијата од коронавирусот.

Останува отворено прашањето кој го советуваше Заев да даде таков предлог за намалување на плати во администрацијата, односно над 100 000 граѓани во Македонија во вакви кризни времиња да преживуваат со плата од 14.500 денари. На прес конференцијата каде беше дадена оваа идеја реакциите на социјалните мрежи беа дека Заев настапува како да е премиер на државата. Само по себе се наметнува и прашањето од каде зема плата Заев, дали апанажа односно плата од Владата или пак од партијата, ако зема од партија колку изнесува, оти самиот тој кажа дека ќе штеделе во СДСМ.

Од Алфа ТВ побарале одговори од прес-центарот на СДСМза овие прашања, но не добиле одговор. Директен одговор побарале и од Заев, но и од него изостанал одговор

Нема инфомации, исто така, дали Заев сѐ уште користи обезбедување и ако користи кој го плаќа, а нејасно е и каде живее со оглед на полицискиот час кратко е времето за пат до Струмица.

Политичките актери повикаа на солидарност и плаќање предвреме на обврските на државата, Заев вели некои нивни фирми веќе платиле данок пред време ама не кажа кои.

Од УЈП за Алфа велат досега вкупно 17 фирми од Македонија платиле данок, но заради заштита на податоците не кажаа дали некои од овие 17 се во сопственост на семејството Заеви.