
Поради зголемената употреба на вералит, проѕирниот дел на визирот, и потешкотии за негов увоз, а за да се задоволат потребите на сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апелира до сите оние кои можат да ги снабдат со овој материјал да им се обратат.
– Доколку не успееме да набавиме вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи – велат од „3Д принт медицинска опрема“.
До вечерта на 7. април се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми.
Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сѐ уште e во тек, но поради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница „8. Септември“, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.
Навивачката група „Комити“ донира 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница „8. Септември“.
Иницијативата на facebook групата: https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share