
Агентите на американското разузнавање уште кон крајот на ноември 2019 година го предупредувале Вашинтон за појавата на новиот тип коронавирус во кинескиот град Вухан и неговите потенцијално погубни последици како по здравјето на луѓето така и за економијата, пренесе во средата американската телевизиска мрежа ABC News.
Според неименуваните извори на телевизијата, за ова ново заболување било исцрпно изложено во извештајот на Националниот центар за медицинско разузнавање (NCMI), кој се засновал на анализата од пресретнатите податоци и сателитски снимки.
Во извештајот, исто така, се сугерирало дека епидемијата во Кина може да ги загрози американските војски распоредени во Азија, и да прерасне во „катасрофално случување“.
Како што се истакнува во прилогот на телевизијата, за појавата на новиот тип коронавирус повеќепати биле известувани разузнавачкиот оддел при американското министерство за одбрана, Здружената команда на началниците на генералштабовите на Пентагон и Советот за безбедност на Белата куќа.
Според телевизијата, во декември се одржувале редовни брифинзи на оваа тема на коишто учествувале и високопозционирани американски функционери во администрацијата, а во јануари претседателот Доналд Трамп добивал информации на дневно ниво за развојот на ситуацијата.
Претходно весникот The Washington Post објави дека првото вакво предупредување за појавата и опасноста од коронавирусот американската администрација го добила на 3-ти јануари, што е шест дена откако официјален Пекинг ја објави епидемијата на новиот коронавирус во градот Вухан.
За појавата на новиот тип коронавирус кој ја доби ознаката SARS-CoV-2, а го предизвикува заболувањето Covid-19, кој веќе е регистриран во 184 земји и територии во светот, Кина првпат објави кон крајот на декември 2019-та година. Жариште на сегашната епидемија се смета илегалниот пазар на животни во Вухан, административниот главен град на централната кинеска покраина Хубеи. Светската здравствена организација (СЗО – WHO), на 11-ти март појавата и ширењето на овој вирус го означи како пандемија.
As far back as late November, U.S. intelligence officials warned a contagion was sweeping through China’s Wuhan region, changing patterns of life and business and posing a threat to the population, sources briefed on the secret reporting tell @ABC. https://t.co/S4z8P8RFPc
— ABC News (@ABC) April 8, 2020