
Високиот претставник за надворешна и безбдносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изрази стравување во четвртокот и предупреди од ризикот актери надвор од Европа, во прв ред Кина и Русија, да ја искористат ситуацијата со пандемијата на коронавирус за да го прошират своето политичко влијание на одделни европски држави, доколку ЕУ не даде соодветен економски одговор на кризата.
„Постои ризик Кина и Русија да ја искористат кризата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус за да го зајакнат своето политичко влијание на одделни европски земји. Државите како што се Кина и Русија медиумски ја нагласуваат помошта која ја даваат за борба против епидемијата, заради градење позитивно јавно мислење и за да ја истакнат својата геополитичка улога во светот“, оценува Борел во разговорот објавен во четвтокот во италијанскиот дневен весни La República.
Реакцијата на Борел доаѓа откако во италијанските медиуми, како и на социјалните мрежи, осамнаа снимки од тоа како Италијанците па и некои фунцкионери ги симниваат знамињата на ЕУ и ги истакнуваат руското и кинеското, искажувајќи го својот револт од одбивањето на Брсел да и помогне на Италија којашто долго време беше најпогодената земја на светот од коронавирусот. Поради инертноста на ЕУ, италијанкиот премиер Џузепе Конте се обрати за помош до Москва и Пекинг, кои веднаш одговорија со испраќање тони медицински заштитни средства и друга опрема за масовна дезинфекција, како и тимови епидемиолози и виролози кои им помагаат на италијанските лекари во преполнетите болници.
За Борел е јасно дека Русија и Кина сакаат да го зголемат своето влијание на глобално ниво, што, според него, е очекувано и не треба никој да биде изненаден. Потенцира дека тие земји ги користат своите капацитети за да го прошират влијанието и оти станува збор за „игра со наративот“, кој треба да покаже дека одредени политички системи се „подобри од нашите во однос на пандемијата на коронавирус“.
На прашањето дали надворешните актери би можеле да ја искористат ситуацијата со пандемијата за да ја „уништат“ Европа, Борел вели дека не гледа таков ризик, но дополни „најголемата опасност доаѓа од нас самите“.