
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните до максимални 23 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 20 степени.
Слично време метеоролозите најавуваат и за утре. Ќе биде сончево и топло, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната утринска температура ќе биде -1, а максималната дневна 24 степени.
Сончево и топло време ќе биде времето и за викендот.