
Симболичниот праг од 100.000 починати до болеста означека како Covid-19 којашто ја предизвикува новиот тип коронавирус SARS Cov2 е достигнат во петокот, точно три месеца откако на 9-ти јануари беше потврден првиот смртен случај во кинескиот град Вухан од каде пандемијата почна да се шири, а бројот на заразените е над 1,6 милиони луѓе од кои најголемиот дел годинава Велигденските празници и во двете конфесии ќе ги минат во карантин.
Оваа бројка сега може да се спореди со пандемијата на лондонската чума околу 1660 година кога според процените од тогашните летописи починале околу 100.000 луѓе. Меѓутоа, но е далеку од пандемијата од шпанскиот грип која започнала во 1918 година и покоси повеќе од 20 милиони луѓе додека не се повлекла во 1920 година.
Беа потребни 83 дена да се достигне бројката од 50.000 смртни исходи, а само осум дена оваа бројка потоа двојно да се зголеми. Уште многу нешта за коронавирусот треба да бидат утврдени, вклучително и процентот на смртноста, бидејќи процените многу варираат.
Податоците од петокот за 100.000 мртви од 1,6 милиони заразени сугерираат дека стапката на смртноста изнесува 6,25 отсто, но многу експерти веруваат дека е вистинската стапка е пониска, бидејќи многу благи или асимтопатски случаи не се воопшто вклучени во вкупните податоци.
Некои земји, меѓу кои Италија, Франција, Алжир, Холандија, Шпанија ио Велика Британија, известуваат за повеќе од 10 отсто смртни случаи. Во една од најголемите студии за смртноста од Covid-19, со којашто се опфатени 44.000 пациенти од Кина, стапката на смртноста е околу 2,9 отсто. Во истата студија се наведува и дека во 93 отсто од случаите починатиот пациент имал повеќе од 50 години, а повеќето од половината биле постари од 70 години. И покрај овие податоци, умираат и младите.
Северна Америка бележи повеќе од 30 отсто од сите смртни случаи во светот, а Европа пријавува несразмерен број смртни случаи во тешко погодени земји со повозрасна популација, како на пример Италија и Шпанија. Само во јужна Европа има повеќе од третина од починатите во светот, иако во регионот има 20 отсто од вкупно заразените на планетата. Во многу земји во официјалните податоци се вброени пациентите кои умираат во болниците, но не и оние кои ѝ подлегнуваат на болеста во своите домови.
Италија и Шпанија се смируваат, во Британија бројките растат
Во Италија паѓа бројот на починатите и заразените од Covid-19, расте бројот на закрепнатите и се намалува бројот на пациентите на кои им е потребна интензивна нега. Во последните 24 часа забележани се 570 смртни случаи, за разлика од 610 ден претходно. Вкупниот број починати е 18.849 и е највисок во светот.
Во Шпанија во петокот починале уште 605 лица, што е најмал број жртви на коронавирусот во едно деноноќие од 24-ти март, соопшти министерството за здравство. Шефицата на владината здравствена служба оцени дека кривата на интензитетот на заразата почнува да оди во хоризонтална насока.
И австрискиот министер за здравство и социјална грижа Рудолф Аншкобер изјави во петокот дека последните денови во Австрија се бележи поголем број оздравени отколку новозаразени, со што продолжува позитивниот тренд во борбата против коронавирусот.
Во Велика Британија бројот на вкупно починатите е 8.958 луѓе, со 980 жртви во еден ден, што е нова рекордна бројка. Владата побара од населението во текот на велигденските празници да останат во своите домови. Министерот за здравство Мет Хенкок истална дека Британците не смеат да заборават дека зад оваа бројка стојат имиња и загуби на семејства „кои никогаш повеќе нема да бидат исти“. Истакна и дека Велигден годинава ќе биде тест на „националнта решителност“. Апелираше населението за празници да остане дома за да не се поткопуваа напорите во справувањето со пандемијата.
Во САД има повеќе од 17.000 починати, но статисткиата за градот Њујорк, кој стана жариште на пандемијата на западната хемисфера, помалку ублажува. Градот бележи помалку пациенти примени на одделите за интензивна нега од ден претходно, соопшти гувернерот Ендрју Куомо.
Франција во петокот забележа 987 смртни случаи во последните 24 часа, соопштија тамошните здравствени власти во петокот вечерта. Во оваа земја вкупно починаа 13.197 луѓе од почетокот на пандемијата.
Турција ја мина бројката од илјада мртви, откако во последните 24 часа умреле 98 лица. Во земјата заразени се вкупно 47.029 лица.
Велигден во карантин
Стотици милиони христијани во петокот се подготвуваа за велигденскиот викенд според Грегоријанскиот календар, досега незабележан во историјата со изолации, карантини, вонредни состојби и полициски час, поради што верниците нема да можат да одат во црквите, туку велигденските литургии ќе ги следат преку телевизија и интернет.
Плоштадот на свети Петар во Рим ќе остане празен. На екраните верниците ќе може да ја следат мисата што ќе ја предводи Папата, а во Ерусалим, првпат во овој век, Базиликата на Светиот Гроб ќе остане затворена за јавноста во текот на велигденските викенди,
Во оваа црвка којашто се смета зе најсветлото место во христијанството, во текот на утрото беше одржана литургија зад затворените врати а потоа тргна најмалата во целата историја процесија по Патеката на болката по којашто инаку секоја година одат илјадници аџии од целиот свет на Велики петок, кога се одбележува распнувањето на Исус Христос.
Годинава само четворица свештеници пееја и се запираа на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош при носењето на крстот и ги сретнал расплаканите жени.
Погодени се исто така, и хебреите кои ја слават Пасха и годинава се лишени од своите прослави, како и православните верници кои ќе го славата Велигден следната седмица, а веројатно и муслиманите чиј свет месец рамазан почнува околу 24-ти април.