
Џозеф Баена (22), синот на Арнолд Шварценегер од тајната врска со неговата собарка Милдред, откри на социјалните мрежи дека тој и неговиот татко споделуваат една работа – љубовта кон кревање тегови.
Иако Шварценегер долго време ја криел својата врска со Милдред и фактот дека таа му роди син кој е негова копија, тој има одлична врска со неговиот син. Поради аферата, Шварценегер раскина со сопругата Марија Шривер, со која има четири деца. Нивниот најмлад син Кристофер е врсник на Џозеф.
Таблоидите пишуваат дека Џозеф немал никакви контакти со своите полусестри Кетрин и Кристина, додека имал контакт со своите полубраќа Патрик и Кристофер.