
При изведба на градежни работи во фабрика во Пробиштип е повреден М.С. (63) од Злетово кој од здобиените повреди починал.
Несреќата се случила вчера, а во 13.00 часот во Полициската станица Пробиштип, С.Т.(27) од Пробиштип пријавил дека при изведување на градежни работи во фабрика во Пробиштип бил повреден М.С.(63) од с.Злетово и од здобиените повреди починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.