Тестот за коронавирус Зоран Заев е негативен

Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.

Претходно беше потврдено дека е негативен тестот и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација. Минатата недела имаа интервјуа кај главниот уредник на Канал 5 телевизија, за кој денеска се покажа дека е позитивен на коронавирусот.