Групна тепачка во Кучевиште, двајца со тешки повреди

Околу 18 часот, влера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ во скопско  Кучевиште, по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с.Кучевиште.

Со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63).

Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.