
Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентира дека на ниво на целата држава 79 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.