
Соединетите Американски Држави од денеска се земја со најголем број починати лица од ковид-19, јавува агенцијата „Ројтерс“. Вкупниот број на регистрирани смртни случај од вирусот ја надмина границата од 20.000.
На второто место на листата е Италија со 19.468 жртви, а по неа следуваат Шпанија со 16.480 починати лица и Франција со 13.832.
Во последните четири дена во САД се забележани рекордни смртни случаи. Во земјата се евидентираат по околу 2.000 починати лица од коронавирусот на ден, а најголем број е во градот и државата Њујорк.
Соединетите Американски Држави моментно се водечки и по бројот на заболени лица со 533.088 случаи, во Шпанија има 163.027, во Италија 150.271, додека во Франција – 129.654 лица позитивни на ковид-19.