
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна вечерта во понеделникот најави 36-часовен полициски час со цел да се спречи масовното одење на Израелците во набавки и на свечени вечери со подалечните роднини во текот на два последни дена од верскиот празник Пасха.
Во текот на полицискиот час кој ќе започне во вторник во 17 часот и ќе трае до четврток во 5 часот наутро, „задолжително е да се остане во своите градови и заедници“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата.
„Предупредувам против опуштањето“, додаде Нетанјаху, повикувајќи ги Израелците да продолжат сериозно да ги сфатат забраните од министерството за здравство чијашто цел е запирањето на ширењето на коронавирусот.
Премиерот, исто така, ги повика сонародниците до крајот на еднонеделниот хебрејски празник Пасха да го прослават само во кругот на што потесното семејство.
За да се спречи повторувањето на масовното заразување со коронавирусот како по празникот Пурим на почетокот од март, на Израелците минатата седмица им беше наложено да е придржуваат дури и до поригозорниот полициски час во текот на првите денови на Пасха.
Не им беше дозволено да одат подалеко од 100 метри од својот дом од средата попладнето до четвртокот утрото, како и да не го напуштаат својот кварт од вторникот попладнето до петокот утрото.
Од коронавирусот досега во Израел заболеа 11.586 луѓе, а од последици на заразата починачле 116 луѓе.