
Четири лица заболени од Ковид-19 починале, а 26 се новодијагностицирани, од кои најмногу-11 во Куманово. Починатите лица биле со тешка манифестација на симптоми. Вкупниот број на заразени во земјава се 864 лица.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција со најновите информации за состојбата со коронавирусот.
Во следните неколку дена ќе се докомплетира мобилната болница на Инфективната клиника со над 100 кревети, соопшти Филипче.
Лабораторијата на МАНУ и на Судска медицина ќе бида ставени во функција, со што бројот на тестирања се зголемува на 50-100 со што ќе се намали периодот на чекање.