Во Италија сите спортски настани без гледачи до 2021-та

ANSA/ TINO ROMANO

Сите спортски натпреварувања на територијата на Италија ќе се одигруваат без присуство на публиката најмалку до јануари 2021 година, објави талијанската медиумска мрежа Mediaset без да го наведе изворот на информацијата.

Во Италија се надеваат дека веќе во мај ќе може да продолжи фудбалското првеснтв. Но кога пандемијата предизвикана од коронавирусот ќе биде ставена под контрола, и ќе се создадат услови за одржување на спортските натпреварувања, на навивачите сепак нема да им биде дозволено во живо да ги следат натпреварите на стадионите или во спортските сали најмалку до крајот на 2020 година.

Италија е една од најппогодентие земји во светот од пандемијата на болеста Covid-19, со повеќе од 19.000 починати и 150.000 заразени од коронавирусот.

Италијанското кошаркарско првенство поради епидемијата на коронавируост е поништено за оваа сезона, во којашто нема да биде прогласен првак, соопшти минатата седмица Италијанскиот кошаркарски сојуз (FIP).

Една семдица претходно сезоната официјално ја прекинаа и италијанските одбојкари и одбојкарките, а рагбистите, како првиот екипен спорт во Италија, тоа го сторија уште на 27-ми март.

Сезоната во италијанскиот фудбалски шампионат беше прекината на 10-ти март поради пандемијата на коронавирус.