
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.846 129. лица заразени со новиот коронавирус.
Од нив починати се 113 871 , а излекувани се 421 801 луѓе.
Соединетите американски држави и натаму се први по бројот на заразени и по бројот на починати само вчера починаа 1375 лица, а на европскиот континент најмногу починати вчера имаше и во Велика Британија 737 лица . Во Шпанија и Италија бројот на починати е околу 500, но и понатаму расте бројот на заразени.
Во Франција во последните 24 часа од вирусот ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица.
Четврти ден по ред, бројот на пациенти на интензивна нега забележа намалување.