
За време на посетата на пункт за дистрибуција на помош на Црвениот Крст, техничкиот премиер Оливер Спасовски го употреби терминот „Народот на С. Македонија”.
„Премиерот Оливер Спасовски денеска го посети дистрибутивниот центар на Црвениот
крст во Момин Поток и изрази благодарност во име на народот на Северна Македонија,
до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на
Ковид-19”, напиша Спасовски на Твитер.
Подоцна оваа нова кованица е употребена во наслов на владино соопштение што значи дека се работи за координиран обид за пласирање на нов начин на именување на Македонците и граѓаните на Македонија.