
Групата седум земји (Г7) се залага за привремен прекин на отплатата на долговите на сиромашните земји, соопшти денеска Г7. Предлогот беше одобрен од министрите за финансии и централните банки, но само ако тоа го потврдат и владите на Г20.
Групата Г7 ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Поддршката за предлогот беше дадена на он-лајн средба со која претседаваше Стивен Мнучин, американски секретар за финансии.