Извадена калдрмата во Скопската чаршија (ФОТО)

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа дека Скопската чаршија одеднаш го загубила својот препознатлив лик.

Како што може да се забележи на фотографијата, калдрмата од улиците е целосно извадена.

На официјалната Фејсбук страница на Општина Чаир, под објавените фотографии стои објаснувањето:

„Проектот за ревитализација на Старата Скопска Чаршија се реализира според утврдената динамика. Калдрмите и витрините на дуќаните на занаетчиите се автентични културни карактеристики на нашето гнездо на културата – Старатa Скопска Чаршија за чие одржување Општина Чаир се грижи преку проектот за ревитализација и зачувување на нејзината инфраструктурна автентичност. Така денес Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир г-дин Изет Меџити, координаторите на проектот Џавит Гаши и Седат Кубур извршија непосреден надзор над работниот процес. Еден дел од калдрмата и витрините се веќе поставени и со големо посветеност се продолжува низ другите делови на Чаршијата. Им се заблагодаривме на работната екипа за коректноста и докажаната професионалност во текот на реализацијата на работниот процес“, пишува во објавата на општина Чаир.