
Вкупно заболени регистрирани здравствени работници се 122 од кои, седум се оздравени и вратени назад на своите работни места, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос на информациите за тоа каква е состојбата со опремата, Филипче рече дека Државниот санитарен инспекторат бил на увид и има извештај за тоа како се користи во соодветни делови и оддели на болници, според препораки и стандарди.
Во рамки на Министерството, нагласи Филипче има сосема доволно медицинска опрема и резерви.
– Има сосем доволна количества на заштитни материјали, маски, мантили во сите јавно-здравствени установи, посебно во местата каде што се лечат пациентите, односно каде што е хоспиталниот третман.