
Повеќе од 200 луѓе во дом за нега на стари изнемоштени лица во Будимпешта се заразени со новиот коронавирус, а десет починаа, изјави денеска шефот на унгарските здравствени служби Сесилија Мулер.
Појавата на Ковид-19, во тој дом во Будимпешта во квартот Ракоскерестур, за првпат беше објавена минатата недела кога тестовите покажаа дека 100 лица биле заразени.
Иако заразени има и во други унгарски домови за нега на стари лица, случајот во домот во Ракоскерестур, е најтежок бидејќи во него се сместени 500 лица.
Унгарските власти регистрирале досега 1.512 случаи на заразени со Ковид-19 и 122 лица починати од таа болест.