8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Скопје е нападнато од корона, но и од неспособниот Шилегов

Лудоста на партијата на власт нема граници! Во период кога насекаде во светот, општините бараат начини како да го заштитат населението од невидливиот непријател – Корона 19, во Македонија, се‘ е превртено наопаку.
Градоначалникот на Градот, како да нема други фронтови, туку се намерачил на рушење на културното наследство и на несовесно справување со тоните отпад. Истиот тој, како да нема сфатено дека не сме во изборен период, туку се бориме со смртоносна болест, па мошне кампањски спроведува луди идеи.

1. Во периодот на најдолгиот полициски час во Македонија, таткото на Град Скопје, Петре Шилегов и издавачот на дозволи за движење, Дамјан Манчевски, не сфатиле дека е потребно да се реагира и за време на викендот, за да не не‘ осамне во понеделник сабајле со преполни контејнери. Ограниченоста на тие два ума овозможи плодна почва за ширење на корона и други опасни заразни болести во најнаселениот град во нашата држава. Контејнерите се преполнија со отпад, затоа што никој не се сети дека за време на викендот ќе бидат наполнети со ѓубре од домаќинствата.

2. Од непознати причини Шилегов ја реактивираше старата депонија Вардариште. Наместо да затвора стари рани и да се грижи да не се создаваат нови диви депонии, токму тој што требаше да го чисти сметот и да спречи ширење на болестите, го става проблемот под тепих и со насобраниот отпад ги труе сопствените граѓани. И наместо да се чистат депониите, отпадот се одлага на несоодветни места. Жртва на овој пристап се граѓаните, а еколошката бомба на територијата на Градот, допрва ќе ги даде несаканите резултати!

3. Ако Шилегов не знае, а по неговите дејства сигурно не е запознат, тогаш должни сме да го известиме дека за оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство, следува казна затвор од една до десет години. Вадењето на калдрмата во Старата скопска чаршија е кривично дело и за истото Шилегов треба да одговара не само пред граѓаните, туку и пред надлежните органи на правдата.

Низата е огромна, но ќе ја ограничиме само на криминалните дејанија на Шилегов само за овој викенд.
Оној Шилегов, што е претседател на ЗЕЛС и што на товар го носи не само Градот Скопје, туку и сите општини во државата. Оној Шилегов, кој аплицираше за Скопје да биде Европска Зелена престолнина. Оној Шилегов, кој заедно со неговите пулени од Владата полесно им е да срушат отколку да направат.
Но, судот на народот е пред портите и тој секогаш ги донесува најправедните пресуди!

Па, со среќа Шилегов!

Фејсбук статус на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЕСТИ

Филип Морис донира медицинска опрема во вредност од 110.000 евра за Клиниката за инфективни болести во Скопје

ВЕСТИ

Граѓаните прашуваат: Дали градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, ќе плати глоба за прекршување на полицискиот час?

ВЕСТИ

Нови 54 заболени од коронавирусот во Македонија

ВЕСТИ

Починаа уште шест пациенти од коронавирус хоспитализирани во Скопје

ВЕСТИ

Колумна на Весна Атанасовска: СЕКОЈА ЖЕНА Е ВАЖНА!

ВЕСТИ

Ова се резултатите од тестирањето за коронавирус за 11 здравствени работници од Инфективното оделение во Штип

ВЕСТИ

Колумна на Анета Ќироска: Низ лавиринтот на здравствениот систем