
Еден 99-годишен ветеран од Втората светска војна стана најстариот Бразилец што се излечи коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.
Ермандо Пивета бил осум дена во болница, каде лекарите биле загрижени поради неговата старост.
– Ова беше поголема победа за мене од победата во војната, изјави Пивета по излегувањето од болница.
Министерството за здравство во Бразил соопшти дека Пивета е најстарата личност во земјата што го победила вирусот.