
Во период на вонредна состојба во државата, „Витаминка“, продолжува со нови донации онаму каде што има потреба. Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби, информира компанијата.
„Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп“, се вели во информцијата од „Витаминка“
Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.
Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи предизвици предизвикани од КОВИД 19, Витаминка неуморно помага излегувајќи пресрет секаде каде што е потребно, порачува компанијата.
Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.