Бројот на жртвите од пандемијата надмина 140.000 луѓе во светот

Пандемијата од коронавирусот усмртила најмалку 141.127 лица во светот од крајот на декември кога првпат заразата со вирусот SARS Cov2 беше регистриран во Кина, според податоците на агенциајта AFP до четвртокот вечерта.

Повеќе од 2.135.410 заразени лица се официјално дијагностицирани во 193 држави и територии, се наведува во извештајот на AFP, а агенцијата се оградува дека оваа бројка ги одразува само дел од вистинските носители на вирусот, бидејќи многу земји во светот ги тестираат само хоспитализираните пациенти.

Од нив, најмалку 465 лица до денеска оздравеле од билеста Covid-19, предизвикана од овој нов тип коронавирус.

Во однос на евиденцијата што ја води агенцијата од средата вечерта, потврдени се 9.490 нови смртни исходи и 101.78 новозаразени во светот.

САД потврдија најголем број починати во последниот 24 часа, вкупно 4.505 лица, а следат Велика Британија со 861 жртви, односно Франција со 753 починати.

САД и натаму имаат најголем број жртви, според AFP – 31.590 лица. Но според порталот Worldometer, бројот на починатите во САД севкупно до четвртокот изнесува 33.490 луѓе. Според евиденцијата на агенцијата Reuters, пак, бројот на починатите во САД во четвртокот се зголеми на 32.000 луѓе, а околу 31.000 починати засега објавува Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Други држави со голем број починати се Италија со 22.170 жртви на 168.941 заразен. Следеа и Шпанија со 19.130 починати на 182.816 заразени. Следи Франција со 17.920 починати на 165.027 заразени и Велика Британија со 13.729 смртни исходи од 103.093 заразени.

Кина, којашто од декември 2019 година прва ја забележа појавата на новиот вирус, официјално има 82.341 заразени, со 46 нови жртви од срдата. Вкупно во Кина официјално 3.342 починати од Covid-19. А 96 отсто од заболените се отпуштени од болнциите како заздравени, додека во моментов има 1.107 инфицирани пациенти, од кои 95 се во критична состојна.

Европа во четвртокот во 21 час по средноевропско време имала забележано 92.941 смртен исход на 1.082.930 заразени, со што како континент а најпогодениот во светот.