
Француски воен хеликоптер Кугар за време на тренажен лет денеска се урна во Пиринеите, при што двајца загинаа, а пет лица се повредени, јави дописникот на МИА.
Хеликоптерската несреќата се случила околу 16 часот и 30 минути по локално време, на околу 22 километри североисточно од Тарб.
Повредените се хоспитализирани во Тарб и во Тулуз.