
Во Франција во изминатите 24 часа регистрирани се 1.438 смртни случаи од последици од новиот коронавирус.
Според генералниот директор за здравство Жером Саломон драстичното зголемување на смртни случаи е поради непријавените починати лица за време на велигденскиот викенд.
Но, во Франција седум дена по ред е забележан пад на бројот на пациенти кои се на интензивна нега.
Во Франција со новиот коронавирус инфицирани се 147.863, од кои 17.167 починаа, а оздравеа 30.955 луѓе.