
Двајца американски и еден руски астронаут успешно се вратија на Земјата во петокот по завршувањето на Меѓународната вселенска станица (ISS) која траеше повеќе од 200 дена.
„Дома, сигурно и здрави“, објави американската вселенска агенција NASA во соопштение за медиумите.
Американскиот астронаут Ендрју Морган мина 272 денови во вселената, неговата сонароднија Џесика Меир и Русинот Олег Скрипочка по 205 дена, се додава во соопштението.
Слетаа во руска вселенска капсула којашто се спушти со падобран во Казахстан. Капсулата „Сојуз“ слетала југоисточно од градот Џезказган, а потоа со хеликоптер е префрлена во Бајконур.
Русија ги изведува вселенските летови и за екипажите на NASA за Меѓународната вселенска станица од космодром во Бајконур во соседен Казахстан, изградена во советскиот период.
Меѓународната вселенска станица кружи на височина од 400 километри над површината на Земјата и со неа заедно управуваат главно руски и американски екипажи коишто изведуваат научни истражувања кои не може да се изведат на површината планетата. Така се проучуваа ефектите на бестежинската состојба врз човековиот организам, вклучително и движењето на течностите и работењето на срцевото ткиво.
„Сѐ што сознаваме ќе ни помогне при одењето на Месечината и на Марс“, изјави астроунаутот Крис Кесиди пред со двајца руски колеги да стана на ISS минатата седмица.
Кесиди на командната позиција го замени Скрипочка и на Меѓународната вселенска станица треба да мине 196 дена со руските космонаути Анатолиј Иванип и Иван Вагнер.