
Околу половина од заразените со коронавирусот во Русија немаат никакви симптоми, изјави денеска Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за надзор заштита и благосостојба на потрошувачите.
– Пред две недели, процентот на луѓе на кои им беше дијагностициран коронавирусот но беа без никакви симптоми достигна 10 до 12 проценти, а најголемиот процент беше 20 отсто. Во последните денови, процентот на тие луѓе се зголеми на 45 до 50 отсто, рече Попова на прес-конференција.
Во Русија се потврдени 32.008 случаи на коронавирусот, 273 лица починале, а 2.590 се излечиле.