ВМРО-ДПМНЕ: Економските мерки на власта не значат никаква помош, граѓаните оставени на милост и немилост

Мерките на владата се несериозни и не значат никаква помош за стопанството и граѓаните. Економските мерки се само алиби мерки на власта и не значат никаква помош, туку продлабочување на економската криза. Македонската економијата колабира а власта ги остава граѓаните се оставени на милост и немилост. Празните прес конференции на СДСМ и Коста Петров нема да им помогнат да ја прекријат неспособноста да се справат со економската и здравствената криза, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Суетата на власта на СДСМ скапо ја чината државата и граѓаните. Доколку владата навистина дака да помогне, тогаш веднаш да ги прифати мерките кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, за спас на економијата, се наведува во нивното соопштение.